Нова верзија од Prima MEDICA v.3.5.8 за матични лекари и гинеколози
- Детали
Почитувани корисници,
достапна е за преземање новата верзија од софтверот Prima MEDICA, во која се имплементирани поголем број на нови функционалности, меѓу кои измените и прилагодувањата кај реализацијата на целите, евидентирање и печатење на покани за превентивен преглед за пациентите, пополнување на ЛУ-1 упатот преку софтверот, нов поедноставен начин за користење на опциите за креирање на нови корисници за работа во софтверот и промена на лозинка, Имплементација на електронски дневник според упатството на Министерството за здравство итн.
НАПОМЕНА! Со цел полесно и поедноставно да ги користите новите функционалности и прилагодувања, изготвени се детални упатства за нив. Апелираме упатствата ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се погледнат пред да се започне со користење на функционалностите!
Упатство за користење на реализација на цели, електронски дневник и пополнување ЛУ-1 образец
Упатство за креирање нов корисник
Деталите околу новините можете да ги погледнете на линкот подоле, а верзијата е важечка за сите дејности.
Листа на измени и корекции во новата верзија
Преземи Prima MEDICA v3.5.8 (offline верзија)