Нова врзија од Prima MEDICA v. 3.6.9 за избрани лекари
- Детали
Почитувани корисници,
достапна е за преземање новата верзија 3.6.9 од PrimaMEDICA.
Поради промената на ставот на ФЗОМ во однос на контролата за реализација на целите (првично беше најавено дека целите комплетно ќе се контролираат од порталот, за потоа да се промени овој став т.е. контролaта да оди од локалните софтвери на лекарите) направени се некои корекции во PrimaMEDICA во однос на извештаите за планирањето и реализацијата на целите.
Воглавно измената во оваа верзија се однесува на методот за планирање на целите за 2015 година. Во прилог е дадено и кратко упатство каде се појаснети измените околу планирањето и реализација на целите.
НАПОМЕНА: Податоците и бројките за план и реализација најверојатно нема да се совпаѓаат со состојбата на порталот на ФЗОМ. Планирањето во PrimaMEDICA се прави спрема состојбата и податоците локално во софтверот.
Во PrimaMEDICA во планот за хронични пациенти влегуваат и пациентите над 65 години. На порталот оваа функционалност сеуште не е овозможена, најавено е дека е во изработка.
Комплетната листа со измени можете да ги погледнете на линкот подоле, а верзијата е важечка за општи ординации, специјалистички ординации и лаборатории.
Листа на измени и корекции во новата верзија