|
01.03.2007 Нова верзија од PrimaMEDICA |
|
|
|
Достапна е Prima MEDICA 1.1
Почнувајќи од 01.03.2007 достапна е верзијата 1.1 од апликативниот софтвер Prima MEDICA. Покрај корегираните багови и унапредувањето на перформансите, најголема новина претставува и поддршката за Специјалистички ординации кои имаат склучено договор со ФЗО. Ова значи дека е можно специјалистичко-консултативните ординации да изготвуваат месечни фактури за ФЗО како и дефинирање на планот на индикаторите по дијагностички групи и тромесечно и годишно следење на реализацијата на истите. Со овој чекор, Prima MEDICA практично се заокружи како комплетно софтверско решение за ординации и поликлиники кои пружаат услуги во повеќе дејности: ПЗЗ, специајлистичко-консултативна дејност и лабораторија, при што за оние кои имат договори со ФЗО потполно е поддржано изготвувањето на пресметки и фактури спрема него, во согласност со последните законски прописи. Покрај ова, согласно најавите за фискализација на здравствениот сектор, во тек е имплементација на поддршка за печатење фискални сметки директно од софтверот, со што се автоматизира процесот на наплатата на партиципацијата. Очекувано е оваа опција да биде достапна најдоцна до 10 март.
|