| 10.12.2008 Известување до корисниците |
|
|
|
|
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани корисници, Ве известуваме дека за 2009 година, користењето на софтверот Prima MEDICA, како и добивањето нови верзии и поддршка нема да биде бесплатно. Имено, пред извесен период, се обративме до Лекарска комора на Македонија, со цел да ја продолжиме соработката и за 2009 на ист принцип како и за 2008 година, меѓутоа договор не беше постигнат, поради недостиг на финансиски средства од страна на ЛКМ. Крајниот ефект од тоа е што лиценцата за користење и добивање нови верзии на софтверот за 2009 година паѓа на Ваш товар. Поради тоа одлучивме да Ви понудиме да ги добиете истите услуги и квалитетен сервис од наша страна, како и во изминатата година, по цена која ќе биде пристојна и прифатлива за Вас. На следните линкови можете да ги видите деталите околу цените и услугите , како и начинот на добивање на код за активација. Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање за нашата одлука од Ваша страна и очекуваме дека ќе ја продолжиме соработката на взаемно задоволство.
Со почит, Кодекс Компјутери |
| < Prev | Next > |
|---|




