Нова верзија на PrimaMEDICA за матични лекари и гинеколози! Почитувани корисници, Достапна е новата верзија на PrimaMEDICA за ординациите од општа пракса и гинекологија, во која се имплементирани неколку корекции на воочени грешки во софтверот, како и некои унапредувања на истиот. Од оваа верзија воведуваме нов начин на дистрибуирање на новините до Вас. Новините и информациите во врска со Prima MEDICA и од областа на здравството воопшто ќе можете да ги следите директно во софтверот преку новата функционалност за приказ на истите на главната форма од апликацијата. Идејата за реализација на ваква функционалност е Prima MEDICA да стане една интегрирана околина која што покрај постоечките функционалности, ќе јВи овозможи и правовремено добивање на избрани информации кои се битни за Вашето работење. Оваа функционалност ќе биде достапна до сите ординации кои имаат интернет приклучок. Се надеваме дека на овој начин ќе Ви го олесниме пристапот до битните информации и ќе ги зголемиме Вашите придобивки од користењето на Prima MEDICA. За да се инсталира надградбата, претходно треба да е инстгалирана последната верзија (2.3.0) Листа на корекции содржани во верзија 2.4.0 (за Општи лекари) Листа на корекции содржани во верзија 2.4.0 (за Гинеколози) НАПОМЕНА! За да ја инсталирате правилно надградбата 2.3.0, мора претходно да ги имате инсталирано претходните верзии! Надградба на PrimaMEDICA за ОПШТИ ЛЕКАРИ од верзија 2.3.0 на верзија 2.4.0
Надградба на PrimaMEDICA за ГИНЕКОЛОЗИ од верзија 2.3.0 на верзија 2.4.0
|