|
03.02.2010 Интервентна измена кај Гинеколози (Преземање) |
ИНТЕРВЕНТНА ИЗМЕНА
КАЈ ПЛАНИРАЊЕТО НА ОДРЕДЕНИ ЦЕЛИ ЗА ГИНЕКОЛОЗИ Почитувани корисници, како што објавивме претходно, согласно објавените корекции кај планирањето на целите за 1 тромесечје во 2010 година за Гинеколози (објавени на следната локација на сајтот на ФЗОМ на 01.02.2010), изготвена е надградба на софтверот за гинеколози која ќе ги опфати овие корекции. Имено, корекциите од ФЗОМ се однесуваат на процентот на потребните опфатени пациенти кај целите ПАП тест и Преглед на дојка, каде процентот од претходно објавениот 3,125 на тримесечно ниво се корегира на 6,25 на тримесечно ниво. Благодариме на разбирањето! Превземи надградба за корегирање на процентот на реализација на целите Превземи упатство за инсталација
|
|
Read more...
|
|
|
08.01.2010 Нова верзија на PrimaMEDICA и PrimaMEDICA за гинеколози |
Нова верзија на PrimaMEDICA ! Почитувани корисници, Достапна е новата верзија на PrimaMEDICA за ординациите од општа пракса и гинекологија, во која се имплементирани измените во делот на планирањето на целите за првото тромесечие 2010 година, согласно објавата на ФЗОМ и анекс договорите кои ПЗУ ги имаат потпишано. Надградбата ќе може да се инсталира само во ПЗУ коиј а имаат инсталирано последната верзија (2.1.2) Поради краткото време за предавање на планот за 1 тромесечје, одлучивме оваа верзија да може да се инсталира без внесување на активациски код за 2010 година, од причина што не секоја ординација го има обезбедено кодот за 2010, односно тоа да претставува пречка ординациите навреме да го достават планот до ФЗОМ. Сепак, за креирање на пресметка за Јануари, ќе мора да се поседува кодот (лиценцата) за 2010 година. Поради тоа што овој план и анекс договорите важат само за првото тромесечје од 2010 година, треба да се напомне дека следната верзија се очекува на крајот на 1 тромесечје, кога ќе бидат објавени условите за новите договори кои ПЗУ ќе ги склучуваат со ФЗОМ. НАПОМЕНА! За да ја инсталирате правилно надградбата 2.2.0, мора претходно да ги имате инсталирано претходните верзии! Надградба на PrimaMEDICA за ОПШТИ ЛЕКАРИ од верзија 2.1.2 на верзија 2.2.0
Преземи надградба од 2.1.2 на 2.2.0
Преземи упатство за инсталација Надградба на PrimaMEDICA за ГИНЕКОЛОЗИ од верзија 2.1.2 на верзија 2.2.0 |
|
Read more...
|
|
|
05.01.2010 Информација за новата верзија |
Измени кај планирањето на целите за 1 тромесечие 2010 година Почитувани корисници, согласно измените во планирањето на целите за 1 тромесечје во 2010 година (кои ги добивте во анекс договорот непосредно пред Новогодишните празници, а истите се објавени на следната локација на сајтот на ФЗОМ), се подготвува нова верзија од софтверот која ќе ги опфати овие измени. Верзијата ќе биде достапна за преземање најдоцна до Петок, 08.01.2010. Благодариме на разбирањето и честити Божиќни празници!
|
|
Read more...
|
|
|
|
<< Start < Prev 1 2 Next > End >>
|
| Results 1 - 4 of 6 |